Во израелските напади убиен воениот шеф на иранскиот генералштаб

 

Израел тврди дека го убил и новиот шеф на иранскиот генералштаб, генерал-мајорот Али Шадемани. Тој беше началник на генералштабот на иранската војска во воени услови, а неговата смрт е после само пет дена по убиството на неговиот претходник Голам Али Рашид.

Одбранбените сили на Израел кажаа дека Шадемани бил моментално највисок воен заповедник во Иран, и најблиска личност до ахатолахот Али Хаменеи.

Од почетокот на нападите, Израел ликвидираше повеќе од 20 ирански воени заповедници.

17.06.2025 - 21:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега