ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа.
Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18).
Од јавното претпријатие информираат дека со ова се потврдува дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се користи.
Актуелно
- Светот во шок: Голем пожар проголта трговски центар, има најмалку 23 загинати
- Драма во дом во Делчево: Со нож ги нападнал родителите на својата партнерка
- Кумановец „оперирал“ низ паркинзите: Ограбил седум возила пред да биде фатен
- Несреќа на Попова Шапка: Тешко повредено дете на скијачка патека
- Средношколецот Матеј Стојановски го извади крстот од водите на реката Пчиња
- Шести пат по ред: Марио Димитријевски е најсреќниот од 70 верници кои скокнаа во водите на Илинден
- Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите скокачи: Сплотеноста на народот е моќна порака
- Прилепчанец со „голф“ се заби во паркиран „опел“, со тешки повреди итно пренесен во болница

