ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа.
Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18).
Од јавното претпријатие информираат дека со ова се потврдува дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се користи.
- Колони возила на бензиските – се чека ред за точење
- Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа
- Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
- Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети
- Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски „економски работници“
- Путин му се јави на Трамп: Разговарале цел час
- Тинејџери со автомобил излетаа од патот
- Важно за сите Македонци во Кувајт: Владата организира специјален лет


