Водата од градскиот водовод во Гостивар од денеска е повторно безбедна за пиење и за употреба, соопштија властите на денешната прес-конференција.
Одлуката доаѓа по одржаната седница на Главниот штаб за управување со кризи, каде што беа разгледани најновите анализи и информации за квалитетот на водата.
Официјалното соопштение за јавноста го изнесе директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
„Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење“, соопшти Ангелов на прес-конференцијата.
Со ова се отстранува забраната за користење на водата од водоводната мрежа што беше во сила во изминатиот период.


