– Домаќинско работење во иднина, а истрагата да ја провери вината со проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, побара денеска Стојанче Ангелов во одговорот на новинарско прашање околу исходот и крајот на кризата со водоснабдувањето и епидемијата во Гостивар.

– Да, во овој момент завршува кризата во Гостивар. Но, се надевам на подомаќински работење во иднина, бидејќи факт е дека она што се случувало во водоводот е недозволиво. За тоа ќе се погрижат Јавното обвинителство и судот коишто ќе проверат дали има нечија вина – рече Ангелов.

Во однос на надминувањето на актуелните проблеми со намалениот притисок во водоводниот систем, првиот човек на локалниот штаб, Зуди Џелили посочи дека ЈП „Комуналец“, општинското раководство интензивно работат да ја зголемат количината на водата во населбите: Горна и Долна Бањица, Фазанерија и Циглана. Една од мерките кои ќе се спроведуваат во наредниов период и зголемување на бројот испитувања на водата. Па така наместо две контроли неделно, ќе се прават по три анализи на водата од водоводот

– За населените места каде има недостиг на вода и се интервенира. Се работи и на резервоарот во Горна Бањица кој за кратко ќе биде во употреба. На тој начин, количински со вода ќе се обезбедат четири населби каде има низок притисок на вода или па имале недостиг на вода. На овој план ќе се работи и во иднина и во поглед на количеството и квалитетот, рече Џелили.

По давањето на изјавите, на предлог на Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, членовите на кризниот штаб излезе пред згардата на општината и од јавна чешма се напија вода

Exit mobile version