„Во животот ќе ни бидеш водилка ти, Андреј од Карпош 3“: Поема за Андреј од ДНК на денот на неговиот погреб
Денес е најтажниот ден за нашата земја.
Во Кочани, Штип, Пробиштип, Скопје и Облешево ќе бидат погребани 59 лица, чии животи згаснаа во трагичниот пожар што ја потресе целата нација.
Нема зборови кои можат да ја опишат длабоката празнина која останува по нивното заминување, ниту болката која ја чувствуваат нивните најблиски. Тоа што се случи на овој кобен ден ќе биде впишано во историјата, но и во срцата на сите нас, како трајна болка која никогаш нема да исчезне.
Александар Тарабунов на Instagram сподели поема напишана за Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој го изгуби животот додека спасуваше други. Неговото тело ќе биде погребано денес во Бутел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа