Во вчерашниот земјотрес се сруши балкон од куќа во Битола
По силниот земјотрес кој вчеравечер ја стресе земјава, се сруши балкон на стара и напуштена куќа во Битола.
Земјотресот со јачина од 5.8 степени по Рихтеровата скала го погоди Лерин на длабочина од 2 километри беше почувствуван до Скопје, Кичево, Тетово и други градови низ државата.
Веднаш по првичниот земјотрес, неколку афтершокови го тресеа Лерин со помала јачина од 4.8 односно 3.5 степени по Рихтер.
По земјотресот, Битола остана без телефонска и интернет мрежа, а битолчани ноќта ја помина надвор пред своите домови и згради.
10.01.2022 - 08:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа