Close Menu
Press24
    Најново

    МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

    11.07.2026 во 14:35

    Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница

    11.07.2026 во 14:26

    Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

    11.07.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард
    • Кузманоска: Со ребалансот на Буџетот капиталните инвестиции се зголемуваат за 5,8 милијарди денари
    • Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
    • Филипче: Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија одат напред, Македонија останува надвор од европската мапа
    • Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон

    Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон

    19.09.2025 во 17:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На плажа во Летонија пронајдени се остатоци од руски дрон „Гербер“, изјави министерот за одбрана Андрис Спрудс, додавајќи оти остатоците не содржат експлозив.

    Премиерката на Летонија, Евика Силина побара од министрите за одбрана и за внатрешни работи заедно со полските колеги да утврдат дали пронајдениот дрон е еден од оние кои минатата недела го нарушија полскиот воздушен простор.

    -Наш приоритет е зајакнување на источната граница, но јасно е дека заштитата на брегот на Балтичкото Море со инсталирање на потребните сензори е подеднакво важна, објави Силина на платформата Икс.

    Дроновите од типот „Гербер“ се дизајнирани како мамки за совладување на украинската воздушна одбрана. Тие се направени од стиропор и иверица, тежат помалку од 20 килограми и имаат дострел до 600 километри. Се претпоставува дека такви дронови го нарушиле полскиот воздушен простор на 10 септември.

    На 14 септември руски дрон го наруши воздушниот простор на Романија. Дронот, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во романскиот простор се задржал 50 минути.

    Руските беспилотни летала од 2022 година постојано навлегуваат во воздушниот простор на НАТО, но до инцидентот на 10 септември, немаше потврдени случаи на соборување на дроновите од одбраната на Алијансата.

    Прочитај повеќе

    Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе

    11.07.2026 во 13:23

    Заложничка драма во Берлин

    11.07.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.