Close Menu
Press24
    Најново

    Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец

    11.11.2026 во 20:24

    Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница

    11.11.2026 во 20:12

    Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура

    11.11.2026 во 20:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец
    • Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница
    • Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура
    • Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка
    • Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Ван дер Белен во Анталија: Проширувањето на ЕУ е и безбедносно прашање
    • Кузманоска до АСО: Каква е финансиската состојба на Алта осигурување и има ли ризик за секторот
    • Министерот Хоџа дел од македонската делегација на самитот COP31 во Турција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец

    Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец

    11.11.2026 во 20:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

    – Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

    – Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре повеќе од 7 часа ќе нема струја – Најавени исклучувања на повеќе места

    11.11.2026 во 16:42

    Ѓорѓиевски: И денеска оставаме пример – над 30.000 граѓани се приклучија на најмасовната еко-акција за чистење на Скопје

    11.11.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.