Close Menu
Press24
    Најново

    Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска

    11.11.2026 во 19:30

    Сиљановска-Давкова се сретна со Ван дер Белен во Анталија: Проширувањето на ЕУ е и безбедносно прашање

    11.11.2026 во 19:26

    Кузманоска до АСО: Каква е финансиската состојба на Алта осигурување и има ли ризик за секторот

    11.11.2026 во 19:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Ван дер Белен во Анталија: Проширувањето на ЕУ е и безбедносно прашање
    • Кузманоска до АСО: Каква е финансиската состојба на Алта осигурување и има ли ризик за секторот
    • Министерот Хоџа дел од македонската делегација на самитот COP31 во Турција
    • Спасовски до Управaта за финансиско разузнавање: Кога Народната банка побара проверки за потеклото на капиталот на Алта банка
    • Шасивари во Берлин: Новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка испратени до Европската комисија
    • Лефков до УФР: Има ли сознанија за сомнителни трансакции од Алта банка кон Србија и Русија
    • Николова до АСО: Од која сметка и од каде потекнуваат 1,7 милиони евра со кои е купено Алта осигурување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска

    Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска

    11.11.2026 во 19:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет, дали се преземени предистражни дејства и дали ќе се испитува евентуалната кривична одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност.

    „Господин јавен обвинител Савески, што повеќе треба да се случи за вие и вашето обвинителство да преземете конкретни предистражни дејства пред евентуални штети да станат уште поголеми? Дали Христијан Мицкоски, како што милува да ви кажува и да ви сугерира по телефон, и за овие работи ви се меша во вашата работа?“, праша Талески.

    Тој потсети дека при изборот Савески се обврзал обвинителската функција да ја врши совесно, непристрасно и одговорно. Според Талески, повеќемесечните предупредувања за потеклото на капиталот на Алта банка бараат конкретно постапување, а не само следење на состојбите.

    „Вашата функција не ви дава право селективно да одлучувате кои сомнежи заслужуваат внимание, а кои ќе ги оставите да чекаат“, нагласи Талески.

    Пратеникот посочи дека граѓаните се соочуваат со страв и неизвесност околу пристапот до сопствените средства, додека носителите на највисоките функции ја префрлаат одговорноста меѓу себе.

    „Имаме гувернер, министерка за финансии, премиер кои јавно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој знаел, кој требало да знае и кој не знаел за влезот и работењето на оваа банка. И покрај сето ова, вие пред јавноста изјавувате дека обвинителството ја следи ситуацијата. Тоа и сега го потврдивте, но дека сè уште е рано да се зборува за формална истрага“, рече Талески.

    Тој побара да се испитаат потеклото на капиталот, сопственичката структура, поврзаните лица и финансиските трансакции, како и евентуалните сомнителни трансфери меѓу Србија и Македонија. Дополнително, побара проверка на постапувањето на Народната банка и на евентуалното политичко влијание врз нејзините одлуки.

    „Дали ќе го испитате постапувањето на гувернерот Трајко Славески? Дали при преземањето на банката биле исполнети сите законски услови? Дали Народна банка навремено ги утврдила ризиците и дали презела соодветни мерки? Дали ќе ја испитате комуникацијата на Народна банка и Владата, како и евентуалното политичко влијание врз одлуките на регулаторот“, праша Талески.

    Особено ја нагласи потребата од навремено обезбедување на документацијата и финансиските траги, предупредувајќи дека одложувањето може да го отежни утврдувањето на вистината.

    „Дали се обезбедени сите документи, електронска комуникација, банкарска документација и финансиски траги? Дали се преземени мерки за да не бидат уништени или прикриени доказите? Дали е побарана соработка со српските правосудни органи? Затоа што секој ден на неоправдано одолговлекување може да се зголеми ризикот од губење на докази и да се отежни утврдувањето на вистината“, истакна Талески.

    На крајот, тој побара јасен одговор дали обвинителството е подготвено да постапува неселективно и да ја испита одговорноста на сите вклучени, независно од нивната функција.

    „Дали сте подготвени да ја испитате евентуалната кривична одговорност на гувернерот Трајко Славески, министерката за финансии и премиерот Христијан Мицкоски, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност? Дали сте подготвени да покажете дека во оваа држава нема недопирливи функционери?“, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова се сретна со Ван дер Белен во Анталија: Проширувањето на ЕУ е и безбедносно прашање

    11.11.2026 во 19:26

    Кузманоска до АСО: Каква е финансиската состојба на Алта осигурување и има ли ризик за секторот

    11.11.2026 во 19:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.