Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во среда е Свети Константин и Елена – еве што велат обичаите

    Во среда е Свети Константин и Елена – еве што велат обичаите

    01.06.2026 во 09:062 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници во среда го одбележуваат споменот на царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена. Поради нивните огромни заслуги во признавањето и ширењето на христијанството, Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Денешниот ден како именден го празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…

    Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата бидејќи по подолго прогонување, тој е првиот владетел на Римската империја што ја признал оваа вера. Најжестоките прогони се случувале во четвртиот век, кога се уривале храмови и се палеле книги, сè додека Константин не го заменил својот татко на престолот во 306 година.

    Клучниот момент во неговиот живот се случува во 312 година, пред битката против тиранинот Максенциј. Пред воениот судир, на небото видел нишан ‒ светол крст и напис: „Со овој знак ќе победиш“. Следната ноќ во сон му се јавил и Спасителот, по што царот наредил да се изработи златен крст со буквите на Христос кој го носел пред војската и извојувал победа, а веднаш во 313 година го донел Миланскиот едикт со кој го забранил прогонот на христијанството.

    Подоцна, царот тешко се разболел, по што одбил предлог од лекарите кој се косел со неговите морални начела. Како што бележат хрониките, тој одбил лек да се бања во крв од деца, по што на сон му се јавиле светите апостоли Петар и Павле и го упатиле кај епископот Силвестер, кој го запознал со верата, го крстил и го излекувал. По низа победи, тој го изградил и новиот главен град на Босфор, наречен Константинопол или Цариград.

    Неговата мајка, царицата Елена, останала запаметена во историјата по пронаоѓањето на чесниот крст на кој бил распнат Исус Христос во Ерусалим во 326 година. На местото каде што бил пронајден крстот изградила голема црква, а починала во 327 година. Царот Константин ја надживеал мајка си за десет години и починал во Никомидија на 22 мај 337 година.

    Во Македонија овој празник се празнува на 3 јуни според новиот календар и се смета за тежок празник каде не се работи. Во Прилеп овие светители биле покровители на трговскиот еснаф, додека под манастирот „Свети Наум Охридски“, до самото езеро, има извор со вода за која постои силно верување дека е лековита, особено на Свети Константин и Елена.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.