Во Србија 36 потврдени случаи на мали сипаници и 962 случаи на голема кашлица
Во Србија 36 потврдени случаи на мали сипаници и 962 случаи на голема кашлица.
Како што изјави за РТС директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ, во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи .
Таа додаде дека од 36 пациенти, 30 се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација и повторно упати апел за вакцинација
Според Јовановиќ состојбата со грипот е постабилна, а бројот на заболени е намален за околу 20 отсто во однос на претходната недела. Во оваа сезона, како што рече, доминирал вирусот на грип од типот А (Х1Н1).
Јовановиќ кажа и дека од почетокот на годинава во Србија се потврдени 962 случаи на пертусис или голема кашлица и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, оти не постои подобар начин за нивна заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа