Во Словенија и работниците кои работат од дома мора да имаат тест или ковид-потврда

Условот ПВТ ( прележан, вакциниран, тестиран) во Словенија мораат да го исполнуваат и работници кои работат од дома, објавија денес словенечките медиуми повикувајќи се на Министерството за труд.

Словенија воведе ковид-потврди за работа, одење во трговски центри, здравствени установи, користење на јавен превод ( од што се исклучени учениците од основните и средните школи), за разлчни услужни дејности, јавни установи и корисниците на нивните услуги.

Словенечконот министерство вели дека од условот ПВР не се изземени ниту работниците кои работат од дома.

Доколку работниците кои работат од дома немаат ковид-потврда, мораат да се тестираат со брз антигенски тест за самотестирање најмалку еднаш неделно, пишува „N1“. После тестирањето на работодавачот мораат да му пратат потврда за тестирање на која се наоѓа датумот на самотестирање, резултат од тестот и потпис. Трошоците за тестирањето ги сноси работодавачот.

Доколу вработениот не ги исполни ПВТ условите, таквата одлука претставува кршење на обврските кои произлегуваат од работниот однос и може да биде причина за санкции од страна на работодавачот во слад со Законот за работни односи, објаснуваат од министерството.

 

20.09.2021 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега