Close Menu
Press24
    Најново

    Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет

    11.06.2026 во 12:01

    УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме

    11.06.2026 во 11:56

    Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата

    11.06.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет
    • УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме
    • Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата
    • Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
    • Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
    • Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари
    • Приведена популарна турска актерка
    • Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Норвешка запленет дрон со кој странец управувал кај аеродромот во Осло

    Во Норвешка запленет дрон со кој странец управувал кај аеродромот во Осло

    25.09.2025 во 20:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Норвешката полицијата денеска соопшти дека синоќа запленила дрон со кој во близина на меѓународниот аеродром во Осло управувал еден странец.

    Човекот, на возраст од околу педесет години, управувал со дронот во област каде тоа не е дозволено, но без влијание врз воздушниот сообраќај, изјави Лиса Мари Локе, шефица на обвинителството на регионалниот полициски округ.

    Тој не е уапсен, но ќе биде сослушан од полицијата, рече таа, не наведувајќи го неговото државјанство.

    Дронови оваа недела го попречија воздушниот сообраќај на аеродромите во Данска, но Локе рече дека „за сега не гледа поврзаност“ на тие случаи.

    Во понеделникот навечер воздушниот сообраќај на аеродромот во Осло беше прекинат три часа поради извештаи за можно присуство на дрон. Локе денеска изјави дека тогаш биле видени светла во воздухот и оти сè уште се проверува дали тоа навистина бил дрон.

    Прочитај повеќе

    Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

    11.06.2026 во 11:25

    Приведена популарна турска актерка

    11.06.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.