Во Косово утре е прогласен ден на жалост поради трагедијата

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да го прогласи за ден на жалост во знак на почит кон граѓаните на Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, главно македонски Албанци.

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај селото Боснек, југозападно од Софија. Меѓу жртвите има и 12 деца.

Седум патници од автобусот се повредени и пренесени во болница во Софија и тие не се во животна опасност.

Косовскиот државен врв изрази сочувство до највисоките македонски претставници и до семејствата на загинатите.

23.11.2021

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега