Во Кичевско годинава мразот ги одмина овошките

По трите проблематични години, мразот годинава ги одмина крушите и јаболката во кичевско во екот на цветањето, и се очекува добра реколта.

-Иако април во поголемиот дел важеше за доста студен и месец со променливи температури, сепак нашите стравувања дека во екот на цветањето на овошките повторно ќе паднат температурите под нула беа неоправдани. Годинава природата сепак беше повеќе милостива, претходните неколку ноќи не беа премногу студени, а температурите се движеа благо над нулата, што беше од исклучителна важност за да се спасат овошките од измрзнување во екот на цветањето, вели Томе Вељаноски овоштар од Кичевско, кој смета дека најважната компонента за годинава е исполнета а се останато зависи од самите нив.

Слични се искуствата и од други овоштари, кои се задоволни што времето ги поштеди и очекуваат оваа да биде родна година.

– Сега полека мораме да се фокусираме кон она што ни претстои за поквалитетен род а тоа се редовните прскања и задолжителното наводнување. Празните години не би сакале никогаш повеќе  да се повторат затоа што родот  во тие години потфрли за повеќе од 80 проценти. Но така е тоа со нашите фабрики под ведро небо, понекогаш природата дава, а  понекоаш зема, велат овоштари од село Староец.

 

 

24.04.2022 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега