Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во четврток се празнува Огнена Марија – заштитничка на жените и верниците

    Во четврток се празнува Огнена Марија – заштитничка на жените и верниците

    23.07.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

    Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и, исто како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во редот на огнените светци.

    Во македонската традиција постои обичај на овој ден, кога поради големите жештини „гори и небото и земјата“, да не се извршува никаква физичка работа.

    Во народните преданија се споменуваат примери за оган и громови кои во празничните денови ги палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

    Света Марина била родена во Антиохија Писидиска од родители незнабожци, а дури во својата дванаесетта година слушнала за Господ Исус Христос, Неговото воплотување, чуда, крсна смрт и воскресение.

    Таа се заветувала дека никогаш нема да се мажи и сакала да пострада за Христа, поради што нејзиниот татко ја замразил и повеќе не ја сметал за ќерка.

    Кога царскиот намесник Олимвриј дознал дека е христијанка, побарал од неа да му биде жена, а по нејзиното одбивање ѝ наредил да им се поклони на идолите, што таа повторно го одбила.

    Поради тоа, Олимвриј ја подложил на маки и ја фрлил во затвор, каде што според преданието ѝ се јавил ѓаволот во облик на страшна змија, која се распукала и исчезнала откако светителката се прекрстила.

    Следниот ден судијата ја мачел со оган и вода, но откако Марина сè претрпела, на крајот била осудена на смрт со меч.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.