Внимавајте на измами: Гостиварчанец продал ист стан на две лица
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и против правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама.“
На 27.12.2017, првопријавениот - сопственик на второпријавеното правно лице, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со правно лице од Гостивар.
Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар, а претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека е променeта бравата и дека станот е опремен за живеење.
26.05.2025 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа