Close Menu
Press24
    Најново

    Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција

    12.06.2026 во 23:37

    Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце

    12.06.2026 во 23:13

    Германка третпат роди близнаци

    12.06.2026 во 22:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
    • Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
    • Германка третпат роди близнаци
    • Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
    • Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
    • Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
    • Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
    • Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внимавајте: Дождот предизвика одрони на повеќе патни правци

    Внимавајте: Дождот предизвика одрони на повеќе патни правци

    21.04.2026 во 13:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија дебарскиот регион од вчера попладне, на патните правци во овој дел од државата се евидентирани помали, но чести одрони од земја и камења. Надлежните апелираат до возачите за максимална претпазливост.

    Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта соопштија дека нивните екипи се постојано на терен со цел расчистување на коловозите и овозможување безбеден сообраќај.

    „Има помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од секцијата.

    Критични точки каде најчесто се појавуваат одрони се:

    • На правецот Дебар – Маврово: околу селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, близина на Бигорски манастир и „Сенечки ливади“.
    • На правецот кон Струга: кај месноста „Три чешми“ (Манастирец).

    Екипите ја следат состојбата на сите 110 километри под нивна надлежност, вклучувајќи ги и делниците кон граничниот премин „Блато“, кракот кон Бошков Мост и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

    Прочитај повеќе

    Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори

    12.06.2026 во 22:16

    Претседателката: Оставете нѐ да се европеизираме

    12.06.2026 во 21:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.