Денеска СВР Скопје реализираше превентивна активност под мото „Внимавај, телефонски измами“.
Превентивната активност беше насочена кон информирање и едукација на повозрасната популација која е најчеста жртва на таквите измами. Преку непосредни разговори и делење на едукативен материјал граѓаните беа информирани дека најчест вид на измами се измамите со лажна сообраќајна незгода во која измамниците претставувајќи се на телефон како полициски службеници, адвокати, обвинители или лекари, од жртвата бараат одредена сума на пари, информираа од полицијата.
Целта на оваа активност е подигнување на свеста кај популацијата и начините на заштита од овој вид кривично дело како и апел доколку некој добие таков повик да го прекине веднаш разговорот и да се јави на броевите 112 или 192.

