Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не се важни националните интереси туку само да се врати на власт

    ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не се важни националните интереси туку само да се врати на власт

    30.06.2026 во 09:532 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче нема политичка стратегија, визија, ниту план за развој на државата. Единствената политика која што ја нуди Венко Филипче и СДС е попустливиот пристап кон официјална Софија, сметајќи дека само така може да дојде на власт, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Интегрален текст:

    Македонија има јасна и принципиелна позиција за европската интеграција. Намерата на Македонија не е само формално отворање на преговорите со Европската Унија, туку нивно успешно завршување без нови уцени, блокади и дополнителни условувања од официјална Софија.

    Ова не е само став на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, туку позиција која ја споделуваат и бројни меѓународни претставници, кои јасно предупредуваат дека не може една држава да прави отстапки без гаранции, дека процесот нема повторно да биде злоупотребен.

    Ова им е јасно и на многу истакнати меѓународни чинители. Тие ставови ги слушнавме викендов во Дубровник на меѓународниот собир, како јасно потенцираат дека е несериозно да се врши притисок врз Македонија да прифати правила, во конкретниов случај вклучување на Бугарите во Уставот, без притоа да има јасна гаранција дека Софија нема да има други барања кон државава во врска со идентитетски прашања на нејзиниот пат кон ЕУ.

    За разлика од државничката политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче и СДС повторно ја нудат истата матрица на безусловни отстапки. За нив не се важни националните интереси, туку единствено враќањето на власт, дури и по цена на нови понижувања за Македонија.

    Филипче очигледно верува дека попустливоста кон официјална Софија е неговата магична формула за политички камбек. Но граѓаните веќе еднаш ја видоа таа политика и јасно ја отфрлија.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.