ВМРО-Народна: Штом Груби е главен координатор за коридорите, да се укинат Министерството за транспорт и ЈП Државни патишта

 

ВМРО-Народна партија поднесува иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и врски и на Јавното претрпијатие за државни патишта, откако Артан Груби е поставен за главен координатор за спроведувањето на градежните активности на коридорот 8.

„Не само што воопшто не држи фактот што еден министер за политички систем опслужува и води уште неколку државни функции туку не постои никаква поврзаност на министерството за политички систем со ниту една од останатите функции, а особено не последната, координатор за спроведување на градежни активности на коридорот 8“ велат од партијата.

Со оглед на ваквата одлука ВМРО-Народна партија прашува дали сите функции и надлежности на Министерството за транспорт и врски како и на Јавното претпријатие за државни патишта се префрлаат во Министерството за политички систем.

07.04.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега