Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ сакаат уставни измени – За нив е важно само да се на власт

    ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ сакаат уставни измени – За нив е важно само да се на власт

    12.06.2026 во 09:04Updated:12.06.2026 во 09:102 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ви го пренесуваме интегрално:

    Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции.

    Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив, важно е само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија.

    Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот. Тоа го потврдија неколкупати на избори, а бројките велат дека над 80% граѓани не смеетат дека барањата на Бугарија за внесување на Бугари во Устав не треба да се прифатат.

    Единствен кој ова го поддржува е Филипче. Зошто Филипче продолжува да инсистира да се случат овие измени?

    Ставот на Бугарија околу ова прашање е цврст, јасен и не е променет.

    Ставот на македонскиот народ е исто така јасен. Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет.

    Македонија заслужува да има достоинствен евроинтегративен пат, а не редефинирана историја и ново национално предавство за да може Филипче и неговиот најтесен круг повторно да се богатат на грбот на народот.

    Featured Just In Бугарија Влада уставни измени
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.