Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во реалниот сектор, а сега, како што и самиот кажа пред извесно време, невработениот Андреј Жерновски, се јави од говорница на СДС; реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Веројатно да си го заработи партискиот паушал, инаку како би живеел фамилијарен човек, ако е невработен и нема извор на егзистенција.
И за да си го заработи лебот од со пари украдени од народот од предавничката СДС, Жерновски држеше бесцелна прес-конференција, во која зборуваше се и сешто, а не кажа ништо.
Во однос на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пак се служи со наслови од медиуми, затоа што не може да најде ниедна изјава, затоа што таква изјава не постои.
Ќе се задржиме уште само на едно нешто од бесцелната и тотално безидејна прес-конференција, зборува за слобода за говор а од телевизија и медиуми не се симнати, измислуваат теми, сакаат да прават насилни инциденти и одат чекор понатаму, шират страв и паника само за јавно и медиумско внимание.
Така, да, со денешниот настап, Жерновски само уште еднаш потврди дека е дел од талогот на СДС којшто цел живот се на некаква функција, државна или партиска и кои за да ги задржат фотелјите, немаат проблем да прелетаат од една во друга партија.
Народот одамна го има прочитано и проценето овој талог од остатокот на СДС и затоа неколку изборни циклуси со ред жестоко ги казни и ги испрати во длабока опозиција, а на следните со сигурност ќе ги испрати и во темната страната на историјата“, стоио во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
- Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
- ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
- Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
- ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
- Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
- Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
- Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
