Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Заврши глумата на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил

    ВМРО-ДПМНЕ: Заврши глумата на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил

    25.09.2025 во 11:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двојните аршини на Левица излегоа на виделина. Раководството на Левица го покажа вистинското лице и се разобличи пред целокупната јавност. Заврши глумата на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

    „Нема повеќе глумење на сиромашни револуционери со полни џебови. Маските паднаа.

    Левица повеќе не може да се крие зад евтини фрази, глумење скромност и идеологија додека позади камерите раководството ги полни личните трансакциски сметки од партиската каса.

    Апасиев над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата.

    Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.

    Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб.

    Реџеп Исмаил исто така си инкасирал во свој џеб 300.000 денари од партиската каса.

    Народот не е наивен, Левица не се бори за правда и еднаквост туку за личен бенефит и богатење на тесниот круг на раководството на партијата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.