ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се неспособни и им се случи втор пик во јуни, тие нема да можат да се справат со трет пик наесен
Зоран Заев и Венко Филипче го урнисаа македонското здравство. И поради тоа имавме втор пик на коронавирус во јуни, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лошото управување со здравствениот систем го платија граѓаните на Македонија.
Катастрофата која што ни се случуваше е заради Зоран Заев и Венко Филипче кои наместо да остават експертите да си ја работат својата работа се замешаа со политика во здравството. Заев и Филипче предизвикаа директна штета на целиот систем.
Поради лошите политики на Заев и Филипче, Македонија е уште затворена држава во услови кога сите во регионот и Европа ги отворија границите. Македонија служи само како транзит на странски државјани кои ќе одат на одмор за Грција или некоја друга држава од соседството.
Заев и Филипче се покажаа целосно неспособни и не знаеја да се справат со вирусот. Зоран Заев и Филипче нема да можат да се справат со дополнителен трет пик наесен.
Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава! Македонија ќе победи!“ стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа