Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48

    Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот

    30.10.2026 во 19:39

    Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД

    30.10.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
    • Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот
    • Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД
    • Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
    • Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
    • Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
    • Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
    • Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче би ги прифатил бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет

    ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче би ги прифатил бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет

    28.05.2026 во 09:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Венко Филипче, како што тврдат од партијата, „се претставува како специјален бугарски пратеник“ и дека единствено смета оти уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија.

    Од партијата оценуваат дека Филипче, „воден од желбата да дојде на власт“, зазема ставови поврзани со евроинтегративниот процес и уставните измени.

    Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари.

    Радев оди понатаму и вели дека дејци како браќата Миладиновци, основоположниците на словенската писменост, Светите браќа Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски се Бугари и се дел од бугарската историја.

    Бугарскиот премиер, поранешен претседател, Румен Радев, го негира и македонскиот јазик, при што вели дека потекнува од бугарскиот и дека постои од 1945 година.

    Ова не е сè. Радев го оспорува и негира и македонскиот идентитет, за кој, исто така вели, дека пости од 1945 и дека пред тоа сме биле Бугари. Кај што стигнал на јавен настап пред поголема маса на луѓе, Румен Радев не се воздржува, славната и надалеку прочуена македонска историја, да ја претставува како бугарска.

    Потрагично од сето ова е што од домашните предавници, СДС, Зоран Заев и Венко Филипче нема осуда за ваквите настапи и јавни негирања, оспорувања и присвојувања на македонски национални обележја, херои, великодостојници, историја, култура. Иако сето ова се случувало и во периодот кога тие беа власт во Македонија.

    СДС и Венко Филипче за негирањата молчат, но затоа, пак, се најгласни за прифаќање на бугарските ултиматуми. Филипче се претворил во пиун на Радев, на кој збор не смее да му врати, и специјален бугарски пратеник за спроведување на бугарската агенда.

    Многу е очигледно дека, освен внесувањето на неколку илјади Бугари во устав не е ниту единствен ниту последен услов за евроинтегративниот процес, туку Бугарија има пошироки барања за Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.

    Од друга страна, на виделина излегува тоа дека Филипче, исто како и Заев, за власт и за амнестија на криминалите, спремен е на нови национални предавства. Граѓаните имаат право да знаат какви се идентитетски и национални отстапки би следеле доколку СДС и Венко Филипче, повторно добијат можност да дојдат на државни позиции и да одлучуваат за државни работи.

    На македонските граѓани им е доста од отстапки и ултиматуми. Тие остро се спротивставуваат на поданичката политика на СДС и Филипче, кои ги донесоа да бидат трета партија, со одвај 130 илјади гласа.

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт и цврсто стои на овој став, кој граѓаните го препознаваат.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48

    Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат

    30.10.2026 во 18:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.