Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик поради страв од гласовите на дијаспората

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица го блокираат Изборниот законик поради страв од гласовите на дијаспората

    07.07.2026 во 09:312 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДС и Левица веќе не се крие. За оваа коалиција нема државен и национален интерес, за неа еден и единствен е личниот интерес на Венко Заев и Димитар Апасиев, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    -Коалицијата СДС-Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за овој закон. Венко Заев и СДС од страв од длабок пораз се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е дијаспората да може да го искористи своето право на глас по електронски пат или по пошта. Но, од СДС и Венко Заев ваквиот предлог беше одбиен, затоа што голем е стравот и паниката кај нив, за тоа дека македонските граѓани кои ја напуштија државата во периодот на нивно владеење, кое не е така одамна, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека Апасиев и Левица и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, во работната група меѓу сите политички партии.

    -Целта им е да се претстават пред јавноста како партија со која нема преговори и која не прави компромиси. Жално е што на ваков начин, на штета на македонските граѓани, кои од мака заминале од државата, се обидуваат да добијат политички поен повеќе. Со ваквата блокада не и се наштетува само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата и поради тоа Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик. Едноцифрените рејтинзи на СДС и Левица во континуитет од неколку години, ги доведе до стадиум на избезуменост и спроведување на политики со негативни последици по двете партии, но и на државата и граѓаните, велат преку соопштение од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

    ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот и повикува Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето можност македонската дијаспора по електронски пат да го оствари своето право на глас.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

    06.10.2026 во 20:24

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.