Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Трагедијата е уште поголема, СДС е трета или четврта партија во Битола, Карпош, Куманово, Скопје, Кочани

    ВМРО-ДПМНЕ: Трагедијата е уште поголема, СДС е трета или четврта партија во Битола, Карпош, Куманово, Скопје, Кочани

    21.10.2025 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС. Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на советници, СДС има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДС имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места.

    Да е трагедијата уште поголема, на неколку места во државата, СДС е трета, четврта и пак петта партија. Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје.

    СДС си го изгуби и бастионот Струмица и тоа уште во прв круг, а тенденциите се дека ќе ги изгуби скоро сите општини каде се влезени во втор круг, токму од ВМРО-ДПМНЕ.

    Затоа, потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДС. Срамни се овие резултати на некогаш големиот Социјалдемократски сојуз.

    Нам ни е потребна опозиција која ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет, како Филипче“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.