Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со реакција до Битиќи: Параметрите на Евростат ве демантираат, економијата се стабилизира

    ВМРО-ДПМНЕ со реакција до Битиќи: Параметрите на Евростат ве демантираат, економијата се стабилизира

    04.06.2026 во 16:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Фатмир Битиќи од редовите на СДСМ.

    „Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се стабилизира и постепено да заживува.

    Излегуваат на прес-конференција каде јавно признаат дека им смета растот на БДП од 3,1%, кој впрочем е раст од 3 или над 3% седми квартал по ред, односно од заминувањето на СДС во длабока опозиција.

    Фатмир Битиќи кој еден од многуте во СДС кој сака оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да не успее, а со тоа да не успее и државата, не може да го скрие разочарувањето од стабилизирањето и постепениот, но одржлив развој на македонската економија.

    Бруто-домашниот производ на Македонија во првиот квартал од 2026 година, со 3,1% повторно е меѓу првите пет во Европа. Тоа не го зборува ВМРО-ДПМНЕ или пак владата, тоа го потврдуваат релевантни европски институции, како што е Еуростат.

    Во услови на една од најголемите енергетски кризи, во април месец, споредбено со април минатата година имаме раст на индустриското производство од 7,6%, додека пак за нецели две годи власт на ВМРО-ДПМНЕ креирани се околу 16.000 нови работни места.

    Нормално, овие параметри и податоци не ги гледаат и не им се допаѓаат на СДС, Венко Филипче или, пак, на Фатмир Битиќи кој за седум години власт оставија економски пустош, уништени институции и држава пред банкрот.

    Сите тие, до пред две години, имаа можност да направат многу повеќе и за државата и за граѓаните, но наместо тоа, државата ја опљачкаа, народот го осиромашија.

    Во нивно време инфлацијата рушеше двоцифрени европски и светски рекорди, народот живееше полошо, одвај преживуваше, економијата бележеше, ако може да се нарече, раст од два и нешто проценти, односно во 2022 година, баш кога вицепремиер за економски прашања во тогашната влада на СДС, беше токму експертот за набројување прехранбени производи, Фатмир Битиќи.

    Сега кога сме кај куповната моќ за која зборува Битиќи кој набројува производи, ќе му направиме една мала споредба со периодот кога тој беше на власт и кога можеше да направи многу повеќе граѓаните да не живеат во беспарица.

    На пример, во 2022 цената на компирот била 40,70 денари, додека во 2026 таа е 43,91 денар по килограм и тогашната минимална плата можело да се купат 442 килограми, додека сега со една минимална плата множат да се купат 593 килограми компири. Цената на јаболката во 2022 била 59 денари со тогашната минимална плата можело да се купи 304,6 килограми, додека во 2026 просечната цена на јаболката е 71,83 со една минимална плата може да се купи 362 килограми.

    Ќе ја споредиме уште цената на шеќерот кој во 2022, кога Битиќи бил вицепремиер за економски прашања, била речиси иста со таа сега во 2026 година, односно тогаш 44,67 денари по килограм а сега е 44,92, со таа разлика што сега граѓаните со една минимална плата можат да купат многу повеќе. Тогаш можело да се купи 403 килограми, сега цели 579,8 килограми шеќер.

    Ваквата тенденција, сега споредено со периодот на СДС, граѓаните со нивните плати да можат купуваат повеќе, ја има кај скоро сите основни прехранбени производи. И ова јасно потврдува дека куповната моќ на граѓани, споредено со периодот на власт на СДС, кога инфлацијата беше двоцифрена, е многу поголема.

    Така да, на Битиќи и на таквите како него во СДС кои не сакаат Владата и државата да успеат, им порачуваме дека ќе се разочараат, затоа што позитивните економски параметри, успесите и развојот на стопанството и државата ќе бидат секојдневие“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

    09.06.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.