Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе го изберат Орце Ѓорѓиевски

    ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе го изберат Орце Ѓорѓиевски

    27.10.2025 во 09:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе изберат човек кој работи за граѓаните, човек со визија и резултати, Орце Ѓорѓиевски. Со неговото водство и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје, ќе се постават новите темели на промени што му се потребни на главниот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. Таа доверба е доказ дека граѓаните го препознаваат трудот, резултатите и конкретните проекти реализирани на локално ниво во Кисела Вода, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци ја обезбеди за развој на општините ширум државата.

    Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, поголема координација и побрза реализација на ветените проекти, изградба на нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и ефикасен јавен превоз.

    Истовремено, резултатите од првиот круг покажаа дека СДС, со освоени околу 26.000 гласови, доживеа сериозен пад и дека граѓаните изгубија довербата во нивното раководство. Наместо да понудат решенија или аргументирана критика, тие продолжуваат по старата, погрешна насока.

    Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, со реални и остварливи ветувања за подобро Скопје.

    На 2 ноември, изборот е едноставен, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.