Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со Филипче е дезориентирана партија без идеи и реформи

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со Филипче е дезориентирана партија без идеи и реформи

    17.04.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија. 

    Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и промени.

    Филипче и СДС не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која се повеќе слабее, туку целиот фокус им и насочен на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои само минорни 1% процент од гласовите.

    По насоките на ПР стратезите, за краток временски период, Филипче и СДС успеаја да се скараат со нивни сопартијци, со медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во државата.

    Ваквата дезориентираност, нелегитимност, слабиот рејтинг и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДС и Филипче да водат антидржавна политика која, освен на државата не им оди во прилог ниту на нив.

    Овие антидржавни политики кои Заев, очигледно, им ги оставил во аманет, Филипче и СДС дословно ги исполнуваат. Сето тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани токму од Башановиќ и Шчекиќ, ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе падне и под биолошкиот праг, со освојување на помалку од 100.000 гласови.

    Време е СДС и Филипче да се освестат и својата енергија да се насочат на реалните потреби како на нивното членство, така и на граѓаните воопшто.

    На Македонија и е потребна силна, кредибилна и конструктивна опозиција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.