ВМРО-ДПМНЕ: СДС со лажните соопштенија и прес конференциите во прашална форма не може да ги сокрие сериозните наводи за криминал во МЕПСО и ЕСМ

Две прашања по чаршав соопштението на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, од кога тоа долг на било која фирма е кривично дело?

Второ, ако имало било што незаконско, што правеле СДС и ДУИ цели 7 години?

СДС е партија во раскол и конфликти. Но лажните соопштенија, прес конференциите во прашална форма не може да ги заменат, ниту сокријат сериозните наводи за криминал во МЕПСО и ЕСМ. Ова е на дело паниката во СДС поради соочување со одговорност за тендерите во 4 очи, за милионите свртени од фирмите на Вице Заев, Зоран Заев и процентите за Венко Филипче во РЕК.

 

Ограбената држава е единственото наследство добиено од СДС и ДУИ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

29.07.2024 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега