Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го спречи технолошкиот развој на Македонија

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го спречи технолошкиот развој на Македонија

    01.09.2026 во 09:182 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДС на иста линија како и Кина, против Соединетите Американски Држави, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Хистеријата којашто изминатиот период СДС ја шири против евентуалната изградба на дата центри, е на иста линија со Кина и против технолошки најразвиената држава во светот и наш стратешки партнер, САД. Во изминатиот период, слично како кај нас што прави СДС, и во САД, главно преку социјалните мрежи, се креира јавно мислење кое американскиот народ треба да го сврти против изградба на дата центри. Неколку медиуми во Америка известуваат дека ваквото спротивставување против дата центри е организирано од Кина преку голем број профили од кинеска фарма за ботови кои на социјалните мрежи се обидуваат тивко да влијаат врз Американците, велат тие.

    Додаваат дека тезите во објавите на овие ботови, се слични како и тие кои ги користи и СДС, дека вештачката интелигенција, односно изградбата на дата центрите го оптоварува електроенергетскиот систем, ги зголемува сметките за струја, а поединци ќе се богателе на сметка на јавниот интерес.

    -Според пишувањата во американските медиуми, Кина тоа го право со намера на влијае врз својот најголем конкурент, затоа што моментално со САД се во трка да ги изградат најсовремените дата центри и најнапредни системи за вештачка интелигенција во светот. И од ова гледна точка, делувањето на Кина преку ботови на социјалните мрежи да влијаат врз Американците да се спротивстават на изградбата на дата центри за вештачка интелигенција, до некаде е разбирливо. Но, прашањето е што ги тера СДС и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција, велат тие.

    Како ВМРО-ДПМНЕ порачуваат на СДС дека безуспешни ќе им бидат сите обиди за да го спречат развојот на државата, и да се стават на иста линија и во служба на интереси против нашите стратешки партнери.

    -Иднината на светот е развојот на високата информатичка технологија и Македонија мора да го фати чекорот, за и во ова индустрија да не биде во последните родови, секако со почитување на сите законски прописи кои гарантираат заштита на животната средина, домашните ресурси и државните интереси, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.