СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и Влен.
СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв круг. Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа не за нивните политики.
Венко Филипче ни помалку ни повеќе ја направи СДСМ трета партија, по општини гледано некаде и четврта.
Поточно СДС не успеа да го заземе второто место, односно или се трето, а некаде дури и на четврто место. Таков е случајот во следните општини Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари, Скопје.
Резултатите од првиот круг избори јасно покажуваат дека СДС предводена од Венко Филипче заедно со неговиот струмички гуру Зоран Заев покажаа целосна безидејност, немање на никакви проекти, односно ништо не им понудија на граѓаните со што се потврди нивната грижа само за нив лично.
Резултатите од овие избори целосно го декласираа Венко Филипче. Единствениот добар и користен потег што може да го направи за народот и за самата СДС е да си поднесе оставка“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
- СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
- СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
- 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
- Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
- Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
- Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
- Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
