Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Решени наследени долгови и започнати реформи во културата и туризмот

    ВМРО-ДПМНЕ: Решени наследени долгови и започнати реформи во културата и туризмот

    20.07.2026 во 09:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    -Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 милиони денари по основ на неисплатени плати во националните и локалните установи, кој експресно се реши со ребалансот, при што се изнајдоа и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за проекти во општините. Паралелно со сервисирањето на наследените обврски се започна со системско решавање на долгогодишните проблеми во културата и туризмот, за која цел се изготви длабинска анализа за рационализација на националните установи и преземени се конкретни чекори за спроведување на реформските приоритети, стои во соопштението.

    Велат, Македонскиот јазик беше еден од главните приоритети на Владата и затоа уште веднаш започна имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик, се основаше Инспекторатот и Советот за македонски јазик, а во тек е и изработката на Стратегијата за употреба на македонскиот јазик.

    -Се финализираат подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале, процес кој беше целосно запрен од претходната влада, а деблокирани се и повеќе национални и меѓународни проекти во областа на културното наследство. Се спроведоа реформи во финансирањето на националните установи и за првпат е воведен моделот на делегиран, што овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства, кој годинава се применува во 28 институции и ќе продолжи да шири, велат од владејачката партија.

    -Од друга страна, реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи и за првпат се воспостави отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академски и културни институции во странство. Ваквото посветено работење и добро проектираните мерки и активности ја потврдуваат целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот на Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.