Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Предлог измените на Законот за минерални суровини ги зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина

    ВМРО-ДПМНЕ: Предлог измените на Законот за минерални суровини ги зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина

    26.04.2026 во 11:142 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлог измени на Законот за минерални суровини, не се закана за животната средина, затоа што на сила остануваат сите постојни механизми за нејзина заштита, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Предложените измени се јасно дефинирани, ограничени по опфат, прецизно таргетирани и се однесуваат исклучиво на јавните претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали како јагленот и други ресурси со стратешко значење за државата.

    Важно е да се напомене дека во ниеден случај не се менуваат еколошките стандарди, не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат механизмите за инспекциски надзор и контрола и не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии на приватни субјекти.

    Наспроти тврдењата во јавноста, измените ја зајакнуваат улогата на државата во управувањето со ресурсите од стратешкото значење и со нив се обезбедува координирано и контролирано користење на ресурсите.

    Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања.

    Ова, во ниту еден случај, не е олеснување на процедурите, туку напротив, претставува, вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.

    Измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

    Тие имаат за цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор, што значи поефикасна постапка, не пониски стандарди.

    Со овие измени се дава предност на јавниот интерес преку институции под државна контрола и се создава правна рамка за реализација на проекти од стратешко значење, особено во енергетиката.

    Сето ова не значи либерализација, туку поефикасни постапки, повисоко ниво на контрола на државата, високи еколошки стандарди и зајакнати механизми за заштита на животната средина, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.