Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53

    Нови протоколи во училиштата: Ќе се кратат часови ако е многу жешко

    02.09.2026 во 13:18

    Детето во Чаир било прободено директно во срцето: Приведени пет лица, Тошковски вели – „еден од најтешките предизвици“

    02.09.2026 во 08:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром реализира голем инвестициски циклус во инфраструктурата и образованието
    • Денеска се празнува Свети апостол Тадеј
    • Дневен хороскоп: Нови идеи кај Овенот, неочекувана информација за Ракот
    • Започна запишувањето на новите студенти на УКИМ: Исти рокови, но различни правила по факултети
    • Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници
    • Софија го прави жртва а тој во Македонија се обидел да убие човек, вршел рекет и тортура
    • Денеска ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања
    • СДСМ: Владата ја задолжува државата за нови 1,3 милијарди евра, парите не завршуваат кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром реализира голем инвестициски циклус во инфраструктурата и образованието

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром реализира голем инвестициски циклус во инфраструктурата и образованието

    03.09.2026 во 10:274 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да инвестира во развојот на општината, во подобра инфраструктура, современо образование, подобри услови за децата, чиста животна средина, спорт и безбедност. Во изминатиот период реализирани се и започнати голем број проекти низ сите населби во Аеродром, со цел граѓаните да добијат подобри услови за живот и функционална општина – се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

    „Еден од најголемите инвестициски циклуси е во сообраќајната инфраструктура, за што се обезбедени 138 милиони денари за реконструкција на 18 улици со вкупна должина од 5,4 километри. Целосно е реконструирана улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, се реконструира „Лисец“ во Горно Лисиче, а се работи и на повеќе краци од „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“.

    Паралелно се уредуваат и други сообраќајни и пешачки површини, а со поддршка од Градот Скопје е реконструирана улицата „Фрањо Клуз“ во должина од еден километар, додека на кракот од булеварот „Трета македонска бригада“ е поставено ново улично осветлување.

    Во следниот период продолжува модернизацијата на јавното осветлување преку воведување смарт-осветлување, со кое ќе се обезбеди поефикасен и поекономичен систем.

    Се инвестира и во водоводната инфраструктура, така на улицата „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче е поставена нова водоводна мрежа во должина од 1.000 метри, инвестиција од 12 милиони денари, обезбедени од македонската Влада, а во Долно Лисиче се реализираат активности за унапредување на водоводната мрежа и подобрување на водоснабдувањето.

    За Општина Аеродром, образованието е меѓу најважните приоритети, па така веќе е ставен во функција новиот објект на ООУ „Блаже Конески“, а во тек е втората фаза со доградба, нова спортска сала, спортски терени и уредување на училишниот двор.

    Во ООУ „Александар Македонски“ се обезбедени услови за целосна едносменска настава, во ООУ „Димитар Македонски“ учениците од шесто до деветто одделение од 1 септември следат настава во една смена, а во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче се градат шест нови училници и две канцеларии.

    Дополнително, училниците се модернизираат со современа технологија, смарт-табли и таблети, најуспешните ученици и наставници се наградуваат, а преку топлински пумпи и фотоволтаични системи, се инвестира во енергетската ефикасност на училиштата.

    Подобри услови се создаваат и во детските градинки, така што во тек е постапката за проектирање на првата градинка во Долно Лисиче, со проширувањето на „Изворче“ во Стар Аеродром ќе се обезбеди простор за повеќе од 400 деца, по 33 години е реконструиран горниот кат на „Буба Мара“, а во „Бамби“ е поставена нова термофасада.

    Особено внимание се посветува на децата со развојни потешкотии и попреченост преку бесплатни логопедски и дефектолошки третмани и активности за инклузивно образование.

    Општина Аеродром, исто така, продолжува со мерки за поддршка на семејствата со новороденчиња и првачиња, додека со мерката „Нула комуналии – прв дом за млади“, младите до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии при создавање на својот прв дом, а преку официјализирана соработка со Здружението на пензионери Аеродром е обезбедена финансиска поддршка за активностите на највозрасните граѓани.

    За почиста и позелена општина, само во првите месеци се исчистени повеќе од 600 тони отпад и голем број диви депонии, започна и селекцијата на пластичен отпад директно од домаќинствата, додека во Ново Лисиче е поставен систем за полевање во должина од 2,5 километри со повеќе од 300 прскалки и се набави нова механизација за одржување на зелените површини. Од друга страна, во соработка со Градот Скопје и Општина Гази Баба се преземаат активности за решавање на проблемот со „Вардариште“.

    Се обновуваат детските игралишта, спортските терени и јавните површини. Во паркот „Авионче“ е изградено ново кошаркарско игралиште, а се поставуваат и нови фитнес и калистеника-зони.

    Во тек е изградбата на првата спортска сала во Долно Лисиче, а жителите на Аеродром имаат и можност за бесплатно користење на тениските терени, додека во Ново Лисиче започна изградбата на првиот мултифункционален културен центар, кој ќе понуди нов простор за културни настани и содржини за сите генерации.

    Започната е реализацијата на проектот за видеонадзор во општината, а паралелно се подобрува уличното осветлување и се засилуваат контролите на комуналниот ред, бучавата и градилиштата, а општината продолжува и со унапредување на транспарентноста и комуникацијата со граѓаните, со можност за анонимно оценување на работата на администрацијата.

    Аеродром се развива со конкретни проекти, инвестиции и работа на терен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Владата ја задолжува државата за нови 1,3 милијарди евра, парите не завршуваат кај граѓаните

    03.09.2026 во 09:39

    Америка подготвува нови тарифи за чиповите: Белата куќа бара производството да се пресели во САД

    02.09.2026 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.