Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Нови болници, опрема и 100 амбулантни возила за модерно здравство

    ВМРО-ДПМНЕ: Нови болници, опрема и 100 амбулантни возила за модерно здравство

    13.08.2026 во 09:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство.  Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници. Во изминатиот период целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“. По повеќе од 50 години е реконструирано и ставено во функција одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Дополнително, реконструирани се шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а уште четири нови сали ќе бидат ставени во употреба во наредниот период, велат тие.

    Според нив, особено значајна е набавката на 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Со тоа се зајакнува итната медицинска помош и се обезбедува побрза и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните, особено во помалите и руралните средини.

    -Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони за реконструкција и 75 милиони за нова опрема. Во Клиничката болница Битола, по повеќе од две децении, се обновува застарената медицинска опрема со инвестиција од над 30 милиони денари. Набавени се современ ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи за побрза и попрецизна дијагностика. Во Битола се реализирани 61 ново вработување на неопределено време, затоа што силното јавно здравство се гради и со стручен, мотивиран и стабилен медицински кадар, велат од партијата.

    Додаваат дека се реализираат и капитални проекти што ќе остават траен белег врз здравствениот систем.

    -Во Кичево започнува изградбата на нова современа болница, инвестиција вредна околу 22,5 милиони евра, која ќе обезбеди подобри здравствени услуги за целиот регион. Во Штип започнува реализацијата на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница ќе биде современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и модерна медицинска инфраструктура. Овие инвестиции значат подобри услови за лекување, подобра дијагностика, побрзо лекување, подобри услови за медицинскиот персонал и создавање услови младите лекари својата иднина да ја градат во Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реконструкции, нова опрема, нови возила, нови болници и вложувања во медицинскиот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е модерно, достапно и достојно за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.