ВМРО-ДПМНЕ: Неработна недела со СДСМ ќе има исто колку што имаше 500 евра плата, 500 километри автопат и 100.000 денари плата за докторите

 

СДСМ и Зоран Заев се наоѓаат во безизлезна ситуација и тоа им е јасно на сите. Стравот и хаосот се моментално сместени на Бихаќка. Тоа го покажуваат јаловите изјави полни со несигурност, манипулации, лаги и нови ветувања кои знаат дека нема да бидат исполнети, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Во реакцијата се посочува дека иако СДСМ и Зоран Заев долго го залажуваат народот дека сакаат избори и дека се уверени оти ќе ја формираат новата владина гарнитура, сепак јасно им е дека, како што се вели, времето на политички дилетанти и крадци заврши.

-За криминалот, корупцијата и притисоците врз институциите одговорност ќе има. Како и секогаш, навикнати се да лажат, да манипулираат и да ветуваат работи кои знаат дека нема да ги испорачаат. Ветуваат неработна недела, а ќе ја исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 700 километри автопат итн. ВМРО-ДПМНЕ долг период ги предупредуваше Зоран Заев и СДСМ за штетата која ја нанесуваа на Република Македонија и народот, но не вроди со плод. Продолжија притисоците, местењето тендери, делење буџетски пари во сопствени приватни фирми и уште низа криминали на кои им доаѓа крајот. Македонскиот народ на неколку пати беше изманипулиран и понижен од човекот кој се колнеше во сопствените деца и македонската жица, распродавајќи се што е свето на секој еден македонец. На таквото однесување и понижување мора да му дојде крајот и сите кои се огрешиле пред законите да сносат кривична одговорност за тоа, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори бидејќи се исполнети двата услови, навремено доставување на предлози за набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР и максимален безбедносен протокол кој ќе го сведе ризикот по здравјето на граѓаните на минимум.

-На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Македонскиот народ гледа спас во човекот кој ќе се дрзне да прекрати сите криминални линкови, да го ослободи судството од канџите на Заеви, да ја исправи Република Македонија на здрави нозе и да започне една нова ера во која народот ќе се чувствува безбеден и сигурен во својата држава. Доаѓа времето на просперитетот, работата, чесноста, трудот и исполнувањето на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот.           На 15-ти јули СДСМ и Зоран Заев одат на буништето на темната страна на политичката сцена и ќе одговараат за секој сторен криминал.     15-ти јули е денот кога Република Македонија одново ќе почне слободно да живее и да ги остварува своите соништа и цели. Доаѓаат подобри времиња за сите нас. Македонскиот народ знае да ја препознае вистинската страна, страната на победниците.           На 15-ти јули победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега