ВМРО-ДПМНЕ: Народот плаќа поскапи бензини поради Заев кој ја покачи цената на акцизата на бензините

Во период на здравствена и економска криза кога за десет месеци над 55. 000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без месечни приходи власта предводена од Зоран Заев без никаков срам ја зголеми цената на горивата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ,

– Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денари. Ова е само доказ дека и во период на пандемија тие гледаат колку што можат да удрат по џебот на граѓаните, велат од партијата,

– Како да не им беше доволно што ја поскапија цената на електричната енергија, па сега повторно го осиромаштуваат граѓаните. Зголемувањето на акцизата на горивата не само што ги засега буџетите на граѓаните на Република Македонија, туку тоа ги засега и стопанството и фирмите и компаниите, превозниците, таксистите и земјоделците. Наместо подобар и побогат живот за граѓаните, СДСМ ги опљачка граѓаните и им донесе сиромаштија и глад, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега