Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 100 автобуси, нови мостови и булевари: ВМРО-ДПМНЕ со планови за Скопје

    100 автобуси, нови мостови и булевари: ВМРО-ДПМНЕ со планови за Скопје

    28.10.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Скопје се движи кон инфраструктурна обнова преку реализација на капитални инвестиции, финансиско стабилизирање и проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

    Од партијата велат дека по години наталожени проблеми, фокусот е ставен на обновување на градската инфраструктура, подобрување на јавниот превоз, заштита на животната средина и поквалитетни услуги за скопјани.

    Меѓу проектите што ги издвојуваат се булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, чија изградба се приближува кон завршница, клучката кај Момин Поток, булеварот „Македонија“ и планираната прва подземна сообраќајница во Скопје. Паралелно се работи и на подготовките за новиот мост во Карпош, кој треба да ги поврзе улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, како и на активностите за булеварот АСНОМ и ставањето во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека се реализираат и реконструкции на улици, а во изминатиот период биле уредени пешачки и велосипедски патеки долж градските сообраќајници, кејот на Вардар и реката Серава. За поголема безбедност и ослободување на јавните површини, поставени се околу 2.000 заштитни столпчиња.

    Во делот на паркирањето, се подготвува изградба на монтажни катни гаражи кај Клиничкиот центар, наменети за подобрување на условите за пациентите, медицинскиот персонал и студентите.

    Обновата на јавниот превоз е уште еден од приоритетите што ги посочува партијата. Јавната набавка за 100 нови еколошки автобуси е завршена, а се очекува испораката на возилата, кои треба да придонесат за модернизација на возниот парк и подобрување на услугата за патниците. Се работи и на проектот за брз автобуски превоз, со најави за зачувување на постојното зеленило и дополнително озеленување на коридорите.

    Како дополнителна можност за подобро поврзување со главниот град, се посочува и градскиот воз на релацијата Зелениково–Скопје, кој треба да им овозможи на граѓаните поекономично патување и да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

    Во делот на екологијата, се издвојува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Трубарево, проект за кој се очекува да придонесе за заштита на реката Вардар и подобрување на состојбата со животната средина.

    Од партијата дополнуваат дека се преземаат активности и за подобрување на водоснабдувањето, при што жителите на Нерези, Бел Камен и Горно Лисиче добиле нова водоводна мрежа.

    ВМРО-ДПМНЕ наведува дека целта на овие инвестиции е подобра поврзаност меѓу скопските населби, поефикасен јавен превоз, побезбедни улици и поквалитетни комунални услуги. Според партијата, реализацијата на капиталните проекти треба да придонесе за создавање помодерен и пофункционален град.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.