ВМРО-ДПМНЕ: МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери. ДЗР констатира неправилности во работата на МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив е „У Павер“ и е во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот.

14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор.

СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси.

Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024“, истакнуваат од партијата на власт.

Оценуваат дека и во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност.

„Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

30.07.2024 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега