Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат

    10.07.2026 во 09:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со поскапувањата и цените ги задржа на најниско можно ниво, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста.

    -Додека светот се соочува со ценовни шокови, со преземените владини мерки за време на енергетската криза предизвикана од војната во Иран, состојбата во државата остана стабилна и контролирана. Државниот завод за статистика потврди дека годишната инфлација во јуни месец се намали и изнесува 3,4%, додека пак, споредено со претходниот месец мај се забележува намалување од 0,5 проценти, а за 0.8 проценти се намалил индексот на цените на мало во јуни. Друг податок кој претставува посебно задоволство и успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%. Наспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нивните сателити, овие статистички податоци се потврда дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалаци се држат на стабилно ниво, велат од партијата.

    Додаваат дека ова се охрабрувачки бројки и потврда дека преземените и спроведени владини мерки во услови на најголемата енергетска криза, ги дадоа посакуваните резултати и ефекти.

    -Тие што сакаат да креираат паника и лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките и од релевантните институции, како што е ДЗС. Благодарение на брзата реакција на Владата, во Македонија се одржа нивото на најниски цени во регионот, додека светот се соочуваше со ценовни шокови на нафтените деривати. Потврда дека владата успешно се справува и спроведува мерки за време на оваа енергетска криза, дојде и од ММФ, кој посочи дека по преземените мерки за ублажување на последиците од високите цени на горивата, Македонија е во топ трите земји, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНе упатено до јавноста.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.