Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС шири паника

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС шири паника

    12.07.2026 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти.

    Уште поважно, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите што најдиректно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

    Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за јуни.

    Македонија – 3,4%

    Словенија – 3,6%

    Грција – 3,9%

    Хрватска – 4,5%

    Бугарија – 5,6%

    Турција – 32,1%

    Ова се бројки што не можат да се сокријат ниту да се релативизираат.

    Додека СДС се обидуваат да градат дневна политика врз измислени кризи и ширење паника, Владата работи со конкретни мерки што даваат резултати.

    Намалената инфлација е директен доказ дека економските политики се правилно поставени и дека се води одговорна грижа за стандардот на граѓаните.

    Наместо манипулации и лажни сценарија од СДС јавноста заслужува мерки и проекти. А фактите се јасни, Македонија денес има една од најстабилните ценовни политики во регионот и најниска инфлација меѓу соседните земји што ги објавија податоците за јуни.

    Владата ќе продолжи со одговорни економски политики, стабилни јавни финансии и мерки што носат резултати, без разлика на обидите тие резултати да бидат оспорени од оние што немаат што да понудат освен дезинформации, стои во партиското соопштение.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.