ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби
Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДС само молчеле на криминалот. Со молчењето и прикривањето, СДС се соучесници на криминалот на Груби во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС со Филипче, веќе 20 дена не се оградуваат од Груби и го поддржуваат криминалот.
Новото раководство од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кои се деца на Заев, се само продолжена рака и поддржувачи на криминалите на нивниот ментор.
Затоа во СДС нема ништо ново, туку се е како до сега.
СДС се веќе прочитана приказна и нивното владеење со ДУИ заврши.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал и корупција и се бори против истото, потенцираат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа