Масовни апсења за Нова година во Скопје: Приведени повеќе лица
Полицијата не мируваше ниту за новогодишната ноќ, се апсеше на повеќе локации низ Скопје.
На подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска околу 01.30 часот во Скопје ги лишиле од слобода В.С.(42) од с.Ново Село, скопско и М.А.(24) од нас. Илинден, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети-екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 04.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.П.(59) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 07.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.Д.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.З.(27) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 03.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода В.С.(38) од Виница, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа