Македонската полиција не мирува: Серија апсења во ресторани, на улици, на пазари

 


На подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска околу 01.30 часот во Скопје ги лишиле од слобода В.С.(42) од с.Ново Село, скопско и М.А.(24) од нас. Илинден, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети-екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.01.2025) во 04.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.П.(59) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 Денеска (01.01.2025) во 07.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.Д.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.З.(27) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.01.2025) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (01.01.2025) во 03.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода В.С.(38) од Виница, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода П.В.(28) од Германија, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.И.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода С.Б.(60) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 15.40 часот во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе го лишиле од слобода К.Т.(38) од Свети Николе. При претрес на куфер, кој го донел во Казнено поправниот дом Штип, а наменет за осуденикот во установата С.А.(44) од Скопје, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје бил извршен службен разговор со осудените лица С.А. и А.Д.(42) од Свети Николе. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2024 во 23.10 часот во с.Липково, кумановско, полициски службеници од Полициско одделение Матејче ги лишиле од слобода А.Б.(18) и Р.Ф.(19), двајцата од с.Сопот, кумановско, затоа што при извршен преглед во патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое А.Б. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.12.2024 во 19 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Девеани" во Битола, пред влез на Казнено поправната установа Затвор Битола, го лишиле од слобода А.М.(44) од Битола, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На  31.12.2024  во 15 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола го лишиле од слобода Н.Р.(56) од Битола, кај кого, на тезга во градскиот пазар биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

01.01.2025 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега