ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до сите граѓани припадници на исламската вероисповед, со желби за мир, спокојство, хармонија и добро здравје.

Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста, на хуманоста, кои се принципи за обединување и поврзување.

Македонија има традиција на  меѓусебно почитување и разбирање меѓу сите граѓани и почитување на различностите. Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме инклузивно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви, почитувани и сигурни, без разлика на нивната етничка, верска или културна припадност. Само преку заемна почит, толеранција и заедништво можеме да создадеме посилна, посигурна и попросперитетна држава за сите.

Во духот на  празникот, да покажеме хуманост, да подадеме рака на оние на кои им е потребна помош и да ги негуваме вредностите што не обединуваат како општество.

Нека празничните денови донесат мир, љубов, хармонија и среќа во вашите семејства.

Нека е честит празникот Курбан Бајрам!

Exit mobile version