ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски катастрофално ќе изгуби на избори
„Ковачевски очигледно има проблем со реалноста. Розовите очила му сметаат да види дека Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на неговата влада. Македонија има најниска стапка на раст на БДП според прогнозата на Светска Банка, а од нас полошо ќе ја завршат годината само Русија и Украина“. Ваква порака испраќаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавите на Ковачевски.
„Македонија и една од највисоките стапки на инфлација која последниот месец достигна 20% што е убедливо најлош резултат во споредба со земјите од регионот.
Македонија е во топ 10 земји во светот според стапката на инфлација на прехранбените производи, што е уште еден показател дека кај нас како никаде на друго место граѓаните осиромашуваат.
Македонија е на дното по странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, односно кај нас дошле, два до три пати помалку странски инвестиции по глава на жител во споредба со Албанија, Србија и Косово.
Македонија е земја во која владата нема пари за инфраструктура, земјоделство, образование, стопанство, ама затоа има да исплаќа милиони за функционери паразити“, се вели во реакцијата на опозицијата.
„Ете ова е реалноста од владеењето на Ковачевски. Ковачевски може да бега од избори, ама нема да избега од изборниот пораз. Граѓаните катастрофално ќе го казнат за неговото катастрофално владеење“, додаваат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа